Како награда за истрајноста и пожртвуваноста во работата со ковид болни пациенти лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничари, транспортери, технички лица пред Нова година ќе бида наградени со еднократна парична помош во висина од 30.000 денари
– Инвестираме во инфраструтура, во медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. Сега пред новогодишните празници сите вработени во јавно здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со Ковид-19 ќе добијат еднократна парична награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои по 30 000 денари, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.