Од денеска сите средни училишта во Скопје добиваат прочистувачи на воздух.
Како што информира градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната прес конференција, во 23 училишта, во секоја училница ќе бидат поставени вкупно 572 прочистувачи на воздух.
-Наша должност е да се грижиме за здравјето и квалитетот на живеење на нашите сограѓани, децата се наша иднина и нивното здравје е наш приоритет. Имаме обврска да создаваме услови за здраво живеење, да ги намалуваме ризиците по здравјето на граѓаните, да овозможиме што поздрава животна средина за сите вклучително и за младата популација. Ученичката популација е движечка сила на општеството и на нашиот град и секој чекор вложен во нив е директен влог во иднината, изјави Шилегов на прес конференцијата во СУГС „Орце Николов“ каде денеска беа поставени вакви прочистувачи.
Градот Скопје засега е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште.