НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите воени удари во Турција

0
By Борјан Јовановски on July 16, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По основањето на Турската република во 1923 година нејзиниот основач Мустафа Кемал Ататурк забрани секаква политичка активност на офицерите на турската армија. Сепак, иако одвоена од политичкиот живот по смртта на Кемал Ататурк, армијата ја превзема честа и одговорноста за зачувување на кемализмот или на вредностите врз кои Ататурк ја постави модерната турска држава како што се секуларизмот и демократијата.

Од тогаш до денес турската армија во четири наврати во име на Кемализмот интервенира повеќе или помалку брутално на политичката сцена во Турција.

Прва интервенција на армијата

Првата интервенција на армијата се случи во 1961 година во време на драматични социо-економски превирања кои тогашниот турски премиер Аднан Мендерес ќе го одведат да бара економска помош од Москва. Оваа негова одлука предизвика бурна реакција во армијата.

1

Полковникот Алпарслан Туркеш го организира воениот удар Полковникот Туркеш е еден од првите 16 турски офицери обучени во 1948 во САД. Во своето прво обраќање до јавноста полковникот ја изразува приврзаноста на армијата кон НАТО и западните демократии во духот на основачот на турската република Кемал Ататурк.

Армијата ја превзема власта на 27 мај 1960 без жртви. Сепак веднаш потоа следи голема чистка во институциите а поранешниот премиер Мендерес како и неговите министри за надворешни работи и финансии во контроверзен судски процес се осудени на смрт и егзекутирани на 16 септември 1961 година.

60

Првите демократски избори по овој пуч се организираат 1965 кога за претседател е избран Сулејман Демириел.

Воена состојба од 1971 до 1973 година

По изборите во 1965 година политичката сцена во Турција станува се похаотична а во контекст на економската криза која ја погоди Турција на крајот од шеесеттите години. Штрајкови, насилни демонстрации и политички убиства ќе ги одбележат овој период. Во тие услови се појавуваат различни радикални исламистички и левичарски илегални групации кои го подгреваат анти-американското расположение како и националистички фракции кои учествуваат во бомбашки напади, грабежи и киднапирања.

2

Во 1971 Турција, на чие чело е Сулејман Демирел, ќе се најде во политички хаос во кој парламентарните политички партии немаат моќ да обезбедат единство со кое би се спротивставиле на илегалните радикални политички групации. Ситуацијата ескалира до степен кога Универзитетите престануваат да работат а студентите се помасовно се приклучуваат на групации инспирирани од јужно американската герила чија цел се САД и прозападно ориентираните политички структури. Во исто време исламистичките групации отворено го отфрлаат кемализмот како идеологија.

Во овие политички околности на 12 март 1971 началникот на генералштабот на турската армија на претседателот Демирел ќе му го предаде таканаречениот меморандум во кој армијата бара веднаш да се формира влада која е доволно силна и кредибилна за да се спротивстави на растечката анархија. По тричасовен разговор со началникот на генералштабот на армијата Демирел поднесува оставка.

Политичката состојба се влошува по што армијата одлучува да прогласи воена состојба која трае до 1973 година кога Булент Еџевит успева да освои солидно мнозинство на изборите за неговата Републиканска народна партија.

Воена состојба во 1980 година, парламентот укинат

Тензиите на политичката сцена сепак не стивнуваат. Судирот меѓу десницата и левицата се продлабочува и ги оневозможува потребните реформи поради што повторно се влошува социо економската ситуација. Стапката на невработеност драматично е во пораст а трговскиот дефицит се поголем.

3

Во овие услови на 12 септември 1980 година армијата прогласува воена состојба и го укинува парламентот. На чело на државата армијата го назначува генералот Кенан Евран.

Во прогласот се повикуваат на кемалистичките традиции и потребата од национално единство. Хунтата владеењето го фокусира кон подобрување на економијата но паралено со тоа спроведува масовни апсења. Уапсени се 650.000 лица, 517 се казнети со смртна казна, 300 лица исчезнуваат или умираат под сомнителни околности а 171 лице умираат поради тортура, 400 новинари се осудени на вкупна казна од 3.315 години затвор.

Траумата од овој воен режим ќе иницира истрага за случувањата во тоа време во 2011 година. Во 2012 судот го прифаќа обвинението покренато против генералите Еврен и Тахсин Сахинкаја. Двајцата добиваат казна доживотна казна затвор. Обајцата умираат во 2015 година. Евран на 97 а Сахинкаја на 90 годишна возраст.

Траумите од овој воен пуч ќе бидат тема на многу филмови, серии и популарни песни во Турција кои се создадени по 1980 година.

“Постмодерен пуч” во 1997 година

Четвртиот воен удар е во 1997 година. Оваа интервенција на армијата доаѓа по победата на изборите во 1996 година на исламистичката партија на Неџметин Ербакан. Тој е прв премиер на Турција кој се залага за институционализирање на исламистичките. Оваа негова заложба наидува на остра реакција во армискиот врв кој повторно во името на кемализмот упатува барање до претседателот на републиката Сулејман Демирел да го одврати премиерот од неговите намери.

Барањата се содржани во таканаречениот меморандум. Ербакан не може да го издржи притисокот на овој дискретен пуч познат во поновата историја на Турција како “постмодерен пуч” и поднесува оставка.

Актуелниот претседател на Турција, Ердоган полтичката кариера ја започнува во раните деведесеттите години како приврзаник на Ербакан и како член на неговата исламистичка партија на благосостојбата Ердоган е избран за градоначалник на Истанбул во 1994 година.

Во 1998 по овој постмодерен пуч Уставниот суд ја забранува партијата на Ербакан поради мешање на религијата со државата.

Прикриен воен удар во 1993 година

Реџеп Таип Ердоган доаѓа на власт како премиер во 2003 година. Лично засегнат од интервенциите на армијата во политичкиот живот во Турција. Во 1999 Ердоган добива казна осум месеци казна затвор поради читање на исламистички стихови на политички собир. Обвинет е за рушење на секуларните вредности на турската република.

Во 2004 како премиер го отвора случајот “Ергенекон” во кој се открива голема група генерали, судии и политичари вклучени во конспиративни активности. Во контекст на оваа афера се открива уште еден прикриен воен удар спроведен во 1993 година.

Тогашниот претседател на Турција Тургут Озал се обидува да дојде до мировен договор со курдската ПКК и на тој начин да го го реши деценискиот спор со Курдите во Турција.

Случајот “Ергенекон” откри дека претседател Озал бил отруен а неговиот близок соработник Аднан Кавхеџи убиен во наводна сообраќајна несреќа од страна на приврзаниците на конспиративната групација со цел да се спречат намерите на претседателот Озал.

Слична судбина доживеале од исти причини и други истакнати влијателни личности вклучени директно или индиректно во овој политички потфат.

Вчерашните настани во Турција доаѓаат како опомена дека турската политичка сцена е далеку од тоа да се ослободи од конспиративните политички структури активни зад кулисите на политичката сцена.

историја на воени удари Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.