Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сивиот дом” на нашиот социјален систем замина во историјата

0
By Нова ТВ on October 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 17, 2019 14:41

Децата кои досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“ од денеска се згрижени во двата мали групни домови, во топла средина налик на семејната.

-Од денеска, „сивиот дом“ на нашиот социјален систем замина во историјата. Со интензивна стручна поддршка и 24 часовен надзор ќе им помогнеме на децата кои на рана возраст дошле во судир со законот, да зајакнат и да се развијат во идни активни граѓани кои учествуваат во заедницата. Реинтеграцијата на децата е нашата цел – во иднина да имаме примери на успешни млади кои го оформуваат образованието и стекнуваат позитивни животни вештини, вели министерка за труд и социјална политика Мила Царовска. 

За заменик претставничката на УНИЦЕФ Елспет Ериксон, денеска се прави уште еден важен чекор кон ставање крај на сместување деца во институции. 

-Домот е место во кое секој треба да чувствува припадност и сигурност. Ова се однесува за сите деца, но особено за децата со комплексни емотивни потреби кои најчесто застрануваат од патот поради недостиг од поддршка во семејството и заедницата. Без оглед на тоа колку добро е опремена, или колку се квалитетни вработените, една институција не може да ја замени љубовта и поддршката што постои во семејно опкружување, рече Ериксон, додавајќи дека со ова штотуку започнува трансформацијата во работата на Ранка Милановиќ и опвој процес ќе бара континуирана посветеност и инвестиции за секое дете да има можност да се справи со негативните искуства и да го развие својот целосен потенцијал.  

Директорката на Јавната установа за згрижување деца со социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение „25 Мај“ Виолета Масевска Палиќ рече дека службата за деца со социјално-воспитни проблеми повеќе од една година згрижува над 25 деца во пет групни домови, при што децата редовно одат на училиште, бегствата се драстично намалени, се вклучуваат во креативни работилници, организираат изложби и немаат судир со законот, што порано беше секојдневие.

 

-Тоа не уверува дека и во овие нови групни домови за децата со нарушено поведение ќе обезбедиме грижа, поддршка и стручна работа што ќе им помогне на децата да се развијат во креативни и исполнети личности, вели Масевска Палиќ.

Во изминативе две години отворени се вкупно 20 мали групни домови за деца и уште три за возрасни, со што бројот на лица долгорочно згрижени во институциите е намален за повеќе од една третина. 

Денеска во институциите има уште 5 деца до 18 годишна возраст, а министерката Царовска најави дека  до крајот на годинава, ниту едно дете под 18 годишна возраст нема да биде сместено во институција во земјава. 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.