Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара 30 дневен притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и за случајот „Империја“.

Мијалков веќе се наоѓа во притвор во затворот „Шутка“, мерка што судот му ја одреди на 20 ноември по барање на СЈО за предметот „Таргет – Тврдина“.

Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во притвор веќе се и Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски.