Градоначалникот на Битола Владимир Талески заедно со општинскиот претседател на комисијата за јавни набавки и група превозници ги местеле тендерите за превоз на ученици со што оптшина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот, рече обвинителката Фатиме Фетаи на денешната прес конференција во Специјалното јавно обвинителство.

– Денеска ќе имате можност да се запознаете со најскапиот превоз за ученици кој го платила локалната власт на градот на конзулите надвор од сите законски норми. Овој предмет беше преземен од страна на обвинителството во Битола кое веќе имаше нарачано економско вештачење за набавките во општина Битола. Талевски во договор со директорите на основните училишта и превозниците Хера Турс, Транскоп АД, Џем Турс, Боби Турс, Марија Транс, Хера превоз новка и Гопеш Транс и други нанеле вкупна штета во износ од 365 илјади евра за само две учебни години. Инволвирани се градоначалникот на општината и претседателот на комисијата за јавни набавки и сопственик на книговодствено биро кое ги водело книгите на некои од превозниците кои ги добиле тендерите, објасни Фетаи.

Таа истакна дека иако Талески беше помилуван, тоа помилување не било за сите дела.

-Помилувањето на претседателот не ја опфаќа ниту штетата која тој ја направил ниту имотната корист со која се стекнал при коруптивното дело. За тоа не е ослободен од кривично гонење, рече Фетаи.