Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО: Истрага со кодно име „Странски служби“ за набавка на опрема

1
By Нова ТВ on December 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство на денешната прес-конференција, како што соопшти шефицата на обвинителството, Катица Јанева, денеска најави дека спровеле седум нови истраги, против 17 лица кои се товарат за злоупотреба на службената должност и за измама во службата, како и за други кривични дела.

Првата истрага која ја најави обвинителката Фатиме Фетаи е со кодно име „Странски служби“, а отворена е против две лица поради сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Едниот бил директен извршувач, а другиот поттикнувач.

Според истрагата, во 2014 година во октомври и ноември по барање на еден од осомничените, кој тогаш бил началник на Одделот за оперативна техника во УБК, странска компанија изготвила извештај во кој било наведено дека на подрачјето на град Скопје, со своја опрема детектирале нелегални активности поврзани со дупли базни станици.

Ваквиот извештај требало да ја потврди тезата на тогашниот државен врв дека масовното незаконско прислушување го извршиле странски служби. Интерес за овој извештај имала и странската компанија, рече Фетаи.

Во декември 2014 година, месец по изготвувањето на извештајот, компанијата надвор од законот за јавни набавки, преку дејствијата на двајцата осомничени, го добила тендерот за набавка на опрема за потребите на МВР.

Постапката по оваа јавна набавка е по иницијатива на вториот осомничен, началникот, кој побарал да се спроведе набавка, а второ осомничениот донел одлука и формирал комисија за спроведување на јавната набавка. За пет дена била средина целата работа.

Опремата била донесена во мај 2015 година и била инсталирана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.