Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО: Израелската опрема и Пуч одат кај Јанева

0
By Нова ТВ on November 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 26, 2015 10:53

Специјалното јавно обвинителство побара од јавните обвинителства да му ги достават
пет предмети кои се однесуваат на примање поткуп, давање поткуп, фалсификување исправа, повреда на избирачко право, злоупотреба на службената полошба и овластување и неовластено прислушување и тонско снимање.

Во соопштението од СЈО се наведува дека:

– До Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот заведен под РО бр.90/15, а оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против лицето С.М. за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, против С.К. за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.5 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и Х.Х. за кривично дело – Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик, како и предметот заведен под КО бр.25/15, познат како Пуч.

– До Основното јавно обвинителство Скопје поднесено е барање за доставување на предметот заведен под РО бр.770/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., Г.Ј., М.Ј. и против НН лица, вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Фалсификување исправа од чл.378 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на избирачкото право од чл.159 ст.2 од Кривичниот законик.

– До Основното јавно обвинителство Битола поднесено е барање за доставување на предметот заведен под КО бр.636/15, против В.Т. и С.Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик.

– До Основното јавно обвинителство Куманово поднесено е барање за доставување на предметот заведен под КО бр353/15, оформен по поднесена кривична пријава од физичко лице, против НН лице – одговорно лице за комуникации во мобилен оператор и против правно лице за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање чл.151 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик.

Од СЈО очекуваат првите одлуки за надлежноста на ова Обвинителство да бидат донесени во законски предвидените рокови, кои не надминуваат 16 дена од упатеното барање за доставување на предметите – обвинителствата од кои се побарани предметите имаат рок од 8 дена да ги достават истите, а потоа ова Обвинителство во рок од 8 дена треба да донесе одлука за надлежноста.

– Имајќи го предвид фактот дека ова Обвинителство работи со сензибилни информации, сметаме дека ќе наидеме на разбирање од јавноста и медиумите кога одредени информации нема да бидат соопштени, велат од СЈО.

Притоа објаснуваат дека „согласно Законот за кривична постапка предистражната постапка е тајна и сите информации кои би биле од значење за успешно водење на постапката нема да бидат соопштувани. Ова може да подразбира и несоопштување на фактот против кого се отворени предистражни постапки и под кои сомненија, а врз основа на анализата на незаконски прислушкуваните материјали. Секако, првичниот момент кога ќе бидат обезбедени доказите и кога ќе се создадат услови за информирање на јавноста, доследно почитувајќи го начелото на транспарентност јавноста ќе биде благовремено известена. Во оваа насока појаснуваме дека воопшто нема да бидат соопштувани податоци дали одредени лица побарале статус на заштитени сведоци, од причина што, имајќи ја предвид јавната покриеност на настаните кои ова Јавно обвинителство ги разгледува, постои опасност од обесхрабрување на ваквите лица да пристапат кон ова Јавно обвинитлество и да помогнат во истрагите, велат од СЈО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.