Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО осамени во битката за подобра заштита на сведоците

3
By Нова ТВ on June 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 13, 2016 12:23

И покрај тоа што уште пред неколку месеци Специјалното обвинителство побара измени на Законот за заштита на сведоци од Собранието, засега партиите немаат голем интерес за изгласување на иницијативата. Од СДСМ велат дека тие и да ја покренат процедурата, не може да постигнат ништо без гласовите на ДУИ и ДПА.

Анализата е достапна на албански јазик на следниот линк.

Нова блокада за Специјалното обвинителство. СЈО уште пред неколку месеци до Собранието достави Иницијатива за измени и дополнување на Законот за заштита на сведоци, но засега од законодавниот дом нема никакви знаци дека таа ќе помрдне од мртва точка.

Во време кога јавноста беше преокупирана со аболициите на Иванов, протестите на Шарената револуција и се посилни се шпекулациите дека главните четири партии повторно ќе седнат на преговарачка маса, се чини дека иницијативата за овој закон е подзаборавена.

СЈО побара уредување на нивната надлежност во постапката за заштита на сведоци заради елиминирање на можноста за поставување на бројни пречки во работата.

СЈО осамени во битката за подобра заштита на сведоците

Според координатор на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, процедурата за измени на овој закон е „до никаде“.

„СДСМ може да ја покрене иницијативата, но само со нашите гласови таа веднаш ќе падне. За да биде поддржана потребни се сите до еден, гласови заедно, и на ДУИ и на ДПА. СДСМ за џабе ќе ја покрене процедурата доколку на крајот не се изгласаат потребните измени“, вели Сугарески.

Од ДУИ пак велат дека иницијативата за измена на законот како службен материјал се уште не е доставен до пратениците.

„Во време од три, четири дена од денот кога предлог законот ќе се достави до парламентот – ако има потреба од интервенирање во текстот, бидејќи може парламентот да го врати предлогот за евентуални промени и после тоа предлагачот да ја достави финалната верзија во парламентот. До денеска го немаме како материјал“, вели Талат Џафери од ДУИ.

На нашето прашање дали ДУИ ќе го поддржи предлогот за менување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, Џафери вели дека тие прво треба да го видат текстот на законот па потоа да се изјаснат.

„Ние го поддржуваме СЈО, но друга работа е менувањето на законот, прво треба да го видиме предлогот“, вели Џафери.

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА не беа достапни за коментар за тоа дали ќе ги поддржат измените на Законот за заштита на сведоци.

Потенцијалните заштитени сведоци се плашат

Од Специјалното јавно обвинителство пред неколку месеци се пожалија дека се соочуваат со проблеми за да одговорат на барањата на заштитените сведоци кои се пријавуваат да сведочат во предметите кои ги превзема оваа институција, која треба да ги расчисти сомневањата за кривични дела кои произлегоа од објавата на нелегално прислушуваните разговори.

заштитени сведоци

Измените на Законот за заштитените сведоци кои тие ги бараат треба да им обезбедат и гарантираат безбедност на оние кои сакаат да соработуваат со СЈО.

Со овие измени тие ќе бараат да им бидат доделени ингеренции за определување на статусот на заштитен сведок во предметите кои ги води ова обвинителство.

Според постоечкиот закон, одлуката за доделување на статусот заштитен сведок ја донесува Совет за заштита на сведоци. Како што е предвидено со членот 6 од овој закон Советот е составен од пет члена – претставник на Врховниот суд од редот на судиите, претставник од Јавното обвинителство од редот на замениците јавни обвинители, директорот на Управата за извршување на санкциите во Министерството за правда, претставник од МВР и раководителот на Одделението во МВР.

Иницијативата на Специјалното јавно обвинителство за измени на законот има за цел да излезе во пресрет на барањата на оние кои сакаат да бидат заштитени сведоци да добијат поголеми гаранции за заштитата на нивниот идентитет.

Тие пред неколку месеци соопштија дека постоеле стравувања кај потенцијалните заштитени сведоци заради блискоста и поврзаноста на поединци во институциите чии претставници се дел од Советот за заштита на сведоци со политичките структури, кои согласно мандатот на СЈО се опфатени во истрагата која ја води оваа институција.

За изработката на текстот за измени на законот велат дека се воделе од искуствата на повеќе европски држави како на пример Италија каде што обвинителството кое се бори со мафијата, има посебни ингеренции за определување на статусот на заштитен сведок во предметите кои се водат против осомничените за учество или соработка со мафијата.

Инаку според членот 26 од законот мерки за заштита на сведокот се : чување на тајност на идентитетот; обезбедување на лична заштита; промена на живеалиште, односно престојувалиште и промена на идентитет.

Крпач барал да биде заштитен сведок од СЈО

Дали доколку беа донесени измените на законот за заштита на сведоци, СЈО ќе можеше да влијае врз евентуалната заштита на Коста Крпач, за кого СЈО на почетокот од месецов на прес конференција откри дека тој барал да биде заштитен сведок на оваа институција. Одговорот на ова прашање јавноста можеби никогаш нема да го дознае.

Крпач кого полицијата го пронајде починат во неговиот стан се најде на листата на аболицирани  од  Иванов и се поврзува со бомбата број 15, односно со набавката и митото за израелската опрема за прислушување.

ОД СЈО изјавија дека Крпач воопшто не бил осомничен во ниеден предмет туку се пријавил за сведок, па оттаму е нејасно зошто Иванов го аболираше.

Портпаролка на СЈО,  Ленче Ристовска неодамна информираше дека тој со изјава им укажал дека примал закани, но за тоа какви и од кого не прецизираше, со цел да не се попречи истрагата и за неговата смрт која ја води Основното обвинителство.

Кристина Озимец

Оваа сторија е изработена во соработка помеѓу НОВА и ПортАлб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.