Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска соопшти дека ова обвинителство отвора нова истрага за уривањето на коплексот Космос на бизнисменот и претседател на партијата ПЕИ Фијат Цановски.

Според Јанева во случајот има злоупотреба на инстиуционалните капацитети од функционери, водејќи се од побуди и мотиви кои се базираат на политичка определба, со цел деградација и нанесување штета на поединци со различна политичка определба. Тоа според Јанева е порака дека и други можат да се соочат со истите напади.

Во случајот има повреда на слободите и правата и предизвикување на имотна штета и според СЈО е јасна порака за третирање на различноста на поединците.

Според Јанева ова претставува сериозно загрозување на уставните гаранции за заштита на човековите права и слодбоди, при што не е почитуван ни основниот принцип на извршното право, не е почитуван угледот на деградираниот, и е свесно и злонамерно постапување, бидејќи преземените мерки укажуваат на фактот дека истиот ефект може да се постигне и со далеку помала сила и присилба отколку што било во случајот. Според СЈО во случајот Космос има тендензиозност да се стори поголема непоправлива штета  која во своите последици има дискредитација на личноста.