Обвинителката Лиле Стефанова не е уапсена, соопштија од Сецијалното јавно обвинителство.

„Ова јавно обвинителство категорично ги демантира написите во некои медиуми во кои се тврди дека обвинителката Лиле Стефанова е уапсена вчера.

Воедно апелираме до сите медиуми да не се објавуваат било какви информации, без претходно да бидат проверени, се наведува во соопштението од СЈО.

Стефанова како обвинител во СЈО го водела предметот „Империја“ во кој еден од осомничените е Орце Камчев кој е сведокот во случајот „Рекет“ каде се споменува и иемто на шефицата на СЈО Катица Јанева.