Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО со опструкции, во УБК се и Оливер Андонов и Митко Чавков

0
By Сашка Цветковска on October 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По речиси цел ден поминат во Управата за безбедност и контраразузнавање, Специјалното јавно обвинителство вечерва писмено соопшти дека дека тие имаат опструкции од страна на УБК и не можат да добијат пристап до бараните системи за прислушување.

И покрај првичната соработка дојдовме до момент на опструкција да прибавиме специфична информација и докази врз основа на судската одлука. Се работи за специфична информација која е круцијална за нашето работење. Јавни обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителствово текот на целата ноќ ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, се до конечно спроведување на наредбата. 

Покрај ова, од СЈО велат во УБК се наоѓале и заменик министерот Оливер Андонов, како и поранешниот министер и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. За него, како и за други полициски службеници, обвинителката Јанева на попладневната прес конференција рече дека е чудно што тие се таму.

Во просториите на Управата освен вработени лица од управата, обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство, на покана на Директорот, присутни во одредени периоди беа и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и заменскиот министер Оливер Андонов, велат од СЈО. 

Претходно НОВАТВ објави дека ситуацијата во УБК била благо тензична, а обвинителите на СЈО не добивале пристап до системите. Иако СЈО веќе има оформено предмети за уништување на опрема за прислушување, онаа за која постојат сомненија дека се користела за нелегалните прислушувани разговори на повеќе од 20,000 граѓани, од истрагата објаснуваат дека сега се бара пристап до легалните системи за прислушување кои ги користи УБК, како и до записниците од прислушувањето.

Катица Јанева денеска изјави дека тие барале увид во УБК од осми март годинава, но откако не наишле на разбирање, денеска дошле со судска наредба. Се чини дека тимот на СЈО ќе отседи цела ноќ во УБК, а според најавите на Јанева, таму ќе се дежура во смени и наредните денови. Катица Јанева изјави дека не се откажува од тоа да го добие она за што е дојдена во УБК согласно судската наредба.

пуч СЈО УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.