Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандал „мајстори“ на афери без одговори

0
By Zoran Ivanov on February 10, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 10, 2026 09:23

Истите тие што осум години го славеа Законот за легализација на медицинскиот канабис, денес се прават дека приказната почнала вчера. Забораваат да кажат дека законската рамка е донесена во 2016 година, од нивниот тогашен и сегашен идол. Сега, скандал „мајсторите“ бараат виновници во правилници, мешаат закон и подзаконски акт, сув цвет и медицинско масло, ГМП стандарди и аграрни услови – се со цел да се замати суштината.

Жанета Ќосе

Во секоја држава постои момент кога власта мора да излезе пред јавноста и да објасни. Во држави со демократска култура, тоа се прави со факти, аргументи и одговорност. Во држави со развиена култура на дефокус, тоа се прави со – скандали. Оваа власт одамна ја има усовршено оваа втората техника. Таа не е импровизација, туку систем. Метод. Рецепт.

Во комуникологијата одамна е опишан овој модел. Како што уште Волтер Липман предупреди, јавноста ретко реагира на реалноста, туку на „сликите во нашите глави“ – а тие слики најлесно се произведуваат преку спектакл, не преку факти. Оттаму, кога власта нема одговори, таа не ја губи комуникацијата – таа ја менува темата.

Кога животниот стандард тоне, кога социјалниот јаз меѓу богатите и сиромашните секојдневно се продлабочува, кога Владата се ценка со синдикатите за минималната плата како на пазар за половна стока, а паралелно најавува нов авион и ново блиндирано возило за премиерот – тогаш не се нуди економска политика. Се нуди спектакл. Афера. Приказна. „Кики Фрики“ стил, адаптиран за возрасна публика.

Затоа не треба да изненадува што, во екот на сериозен меѓународен скандал со рекордна заплена на марихуана во Србија, наместо институционални одговори, добивме медиумска хајка. Наместо објаснување како пет тони дрога ја напуштиле Македонија, јавноста доби „Биг Мајки“, јахти, Дубаи згради, визи, нови рекет афери и рециклирани ликови од стари сценарија и тетратки. Скандал „мајсторите“ повторно се пуштени на терен.

Но фактите не се толку впечатливи како аферите – и токму затоа се далеку поопасни за власта.

Од 29 јануари наваму, по заплената на повеќе од пет тони марихуана кај Крушевац, нема приведени во Македонија. Нема јасен институционален одговор. Министерот за внатрешни работи исчезнува од јавноста и комуницира исклучиво преку видео-пораки за „Safe City“, додека премиерот ја презема улогата на истражител, обвинител и портпарол, најавувајќи „десетици, па и до сто тони“ идни заплени – како да најавува нова сезона од серија, а не резултат на истрага.

Во меѓувреме, медиумската оска, добро платена и лојална, плете нови приказни. Целта е јасна – јавноста да не се прашува за петте тони, туку за нечии наводни јахти. Да не се прашува за мистериозниот премин на границите, туку за наводни туѓи визи. Класичен пример на agenda-setting преку дефокус – кога не се контролира одговорот, се контролира прашањето.

А што велат фактите?

Српското Јавно обвинителство за организиран криминал во официјално соопштение, без метафори и без „Кики Фрики“, јасно наведува дека организирана криминална група, во периодот од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година, на територијата на Република Северна Македонија набавила 5.002.079,18 грама марихуана. Дрогата, според обвинителството, ја транспортирал осомничениот Иван Драгниќ преку граница до магацините на семејството Спасојевиќ кај Крушевац, од каде што била преземана за понатамошна продажба. Особено индикативен е податокот дека истиот тој Драгниќ е сосопственик на компанијата „Alphapharm“ од Скопје, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис.

Додека српското обвинителство експлицитно наведува дека дрогата е набавена во Северна Македонија, македонскиот премиер јавно „поставува дилеми“ дали воопшто потекнува одовде. Таа разлика меѓу истрага и дилема е суштината на проблемот.

Истражувањата на БИРН дополнително ја комплетираат сликата – „Alphapharm“ во Скопје и „Green Life“ од Валандово се поврзани преку сопственички и управувачки структури со српски државјани од Крушевац, меѓу кои и Александар Мијајловиќ, осомничен како организатор на групата. Во Македонија се запленети околу 40 тони марихуана, биомаса и масло, без објавени приведувања. Во Србија – над пет тони марихуана, плус оружје, пари и притвор.

И токму тука настапува вториот чин од пародијата – подзаконските акти.

Истите тие што осум години го славеа Законот за легализација на медицинскиот канабис, денес се прават дека приказната почнала вчера. Забораваат да кажат дека законската рамка е донесена во 2016 година, од нивниот тогашен и сегашен идол. Сега, скандал „мајсторите“ бараат виновници во правилници, мешаат закон и подзаконски акт, сув цвет и медицинско масло, ГМП стандарди и аграрни услови – се со цел да се замати суштината.

Да, постои таков правилник, донесен во декември 2023 година, кој дозволува одгледување канабис и на отворено, без експлицитна обврска за фармацевтски стандарди. Но тој правилник не е тајна, ниту е донесен вчера. Прашањето не е зошто постои, туку зошто актуелната власт, која две години управува со системот, не го изменила, туку дозволила преку него да функционираат фирми, извоз и складирање – се до моментот кога Србија ја откри мрежата.

И повторно, клучното прашање останува неодговорено – како пет тони марихуана ја напуштиле Македонија? Каде била царината? Каде биле контролите? Каде биле камерите? Каде биле институциите?

Наместо одговори, добивме афери. Наместо одговорност, добивме медиумски линч на поранешни и сегашни опозициски функционери, вклучително и на човек кој пет години е надвор од политиката. Стар метод – кога немаш објаснување, произведи приказна. Кога немаш факти, понуди спектакл.

Ова не е борба против криминалот. Ова е борба против јавната концентрација. И додека јавноста се занимава со фабрикувани ликови, реалноста продолжува да тоне – платите стагнираат, цените растат, социјалниот јаз се продлабочува, а власта лета, буквално и метафорично, над проблемите.

Затоа јавноста, исто како и опозицијата, инсистира на факти и одговори – не од партиска потреба, туку од општествена одговорност. Затоа што иднината на младите генерации не се штити со мелодрами и афери, туку со институции што функционираат и со власт што одговара.

Во таа смисла, скандалите не се грешка. Тие се политика. А ентропијата не е последица. Таа е цел.

 

 

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.