“Министерот за здравство Никола Тодоров во тотална конфузија се обидува да се огради од милионскиот тендер доделен на мајката на уредничката на Сител, Ивона Талевска”, рече денес портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
Според него Тодоров тврди дека Министерството за здравство случило договор со фирма ВИСАРИС ДООЕЛ, управувава од едно лице. Тоа го тврди Тодоров, за што дури и жалеше. Тој наведе дека милионскиот тендер е склучен помеѓу Министерството за здравство и “внимавајте, фирмата ВИСАРИС МКД, со адреса Градски парк – Градски стадион без број, Република Македонија”.
На прес конференцијата тој рече:
“Oвој милионски договор е со фирмата ВИСАРИС МКД! Чиј доминантен сопственик е мајката на Ивона Талевска, Лимба Талевска, а лице за контакт на оваа фирма е самата ќерка, уредник-бизнисмен, Ивона Талевска. На конто на оваа фирма министерството за здравство префрла или ќе префрли милион евра! И тоа е клучно.
Признанието на Тодоров, дека имало промени во сопственоста на фирмата го отвора прашањето колку тендери во Министерството за здравство, и останатите државни институции се доделени на овој начин? Додели го тендерот па потоа ќе се покажат вистинските сопственици на фирмата.
Која е таа логика, прво да се добие милион евра на тендер а потоа да се поклони доминантата сопственост на фирмата и тоа баш на мајката на Ивона Талевска?
Кој лобира овие фирми да ги добиваат тендерите на овој начин за парите потоа да завршат на вистинското место?
Бидејки Тодоров збунето призна дека случајот бил “малку неетички“, му укажуваме на министерот за здравство и неговиот претпоставен Никола Груевски, дека за ваков скандал, кој отвора медиумска корупција од невидени размери, во нормална демократска држава паѓаат влади.
СДСМ бара: Никола Тодоров да не се правда со тврдења туку итно јавно да ги објави тендерската документација, сите понуди, банкарските гаранции и потпишаниот договор за оваа скандалозна бизнис зделка.
На крајот прашуваме: Каде сте премиере Груевски?
До кога ќе играте по вашата стара практика кога е густо да ги оставате вашите соработници на лизгав терен? Дали овој пат одлучивте да го “лизгате“ Никола Тодоров иако Ивона Талевска е пред се Ваша омилена соработничка?
Од кого и од што бегате премиере Груевски?!”, повика Шилегов.



