Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, суетен новинар и педер да ја срушат Владата

0
By Нова ТВ on August 13, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев за случајот „Рекет“ изјави дека нема да дозволи, како што рече, „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја симнат оваа влада од власт“ кога на одбележувањето на 18 години Рамковен договор беше прашан од новинар  дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13.

„Јас сум човек борец и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име и целосно стојам зад тоа. Верувам во транспарентни, прецизни и брзи истрага и уште еднаш напоменувам дека јас сум човекот кој го пријави случајот, да не биде тоа заборавено. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Ќе се бориме до крај, секој што се инволвирал секако ќе си носи одговорност“, изјави Заев на одбележувањето 18 години од Охридскиот рамковен договор.

Заев рече дека верува во темелна и брза истрага за случајот  „Рекет“, којашто ќе ги покаже доказите за, како што вели, секој случај, вклучително и за Катица Јанева, Зоран Заев и за кој било. Смета дека сега не е момент за предвремени избори  со оглед на очекувањата  за добивање датум за преговори за членство со Европската унија,  повторувајќи дека октомври следната година е најидеален термин за избори.

„Верувам во транспарентни, многу прецизни и брзи истраги, посебно за ваквите случаи. Јавно отфрлив секаков вид шпекулации и споменувања со моето  име и стојам целосно зад тоа. Оваа политичка гарнитура  преку извршната власт создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, да работи непречено без разлика  дали некој бил газда на медиум што ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор, изјави Заев.

Тој дополни дека презумпцијата на невиност треба да се почитува без разлика дали е некој инкриминиран и има индиции за некој што е на висока позиција како што е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

– Без оглед дали е таа или кој било законот мора да важи еднакво за сите.  Затоа повторуваме постојано дека очекуваме темелна истрага, презумпцијата на невиност ни дава обврска  на сите да не го квалифицираме никој дека е виновен без докази, но секаде каде ќе се утврдат докази, секој кој  е инволвиран со земање пари што се појавува во тој скандал, секој кој го прекршил законот треба да си одговара, рече Заев.

На новинарско прашање дали се чувствува изневерен од Катица Јанева, Заев рече дека за него „е идиотски настапот засега согласно со досегашните докази“.

– Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој случај, вклучително за Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно, само така ќе покажеме дека има владеење на правото – изјави Заев, посочувајќи дека и народот чека разрешница која што смета дека ќе ја донесе истрагата, а сѐ друго, како што нагласи, е политиканство и политики.

Според него, актуелната политичка гарнитура многу одамна испратила порака дека кај неа нема политички калкулации, напоменувајќи дека  и кај како и сите држави коишто создавале услови  органите на прогонот да си ја вршат работата процесите не биле лесни, туку трауматични.

„ Секаде било трауматично. И кај нас не е лесно и е трауматично, но така ќе бидеме правна држава која што ја посакуваме сите“, рече Заев.

Во однос на шпекулациите, како што рече,  коишто одат дотаму, обидувајќи се да го инволвираат во случајот,  порача дека дошол на власт благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, правна држава, владеење на правото и нормална земја и оти ќе продолжи да се бори за тие вредности.

Прашан дали смета дека Јанева го изневерила рече дека „за него е идиотски настапот засега согласно со досегашните докази“.  – Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој случај, вклучително за  Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото, изјави Заев, посочувајќи дека и народот чека разрешница која што смета дека ќе ја донесе истрагата, а се друго, како што нагласи, е политиканство  и политики.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/740284433061616/?t=0

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.