Лични предмети на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито и сите останати скапоцености и припаѓаат на династијата Караѓорѓевиќ, откри вчера Оливер Антиќ, претседател на Државната комисија за Србија, врз основа на вештачењето за содржината на сефот во Народната банка на Србија, кој беше отворен во април.
– Стигнаа резултатите од вешташењето и тука се наоѓаат предмети на кралот Александар и кралицата Марија. Нема проценка на нивната вредност, но тие немаат никаква врска со сукцесијата на поранешна Југославија, бидејќи тоа е приватна сопственост, изјави советникот на претседателот на државата.
– Добро е познато дека голем дел од пронајдените предмети го имаат потписот на Караѓорѓевиќ, па дури и своерачен потпис на кралот Петар, а во сефот е чувана и вредна нумизматичка збирка монети и Караѓорѓевата ѕвезда, украси со дијаманти, рубини и смарагди, кои и припаѓала на кралицата Марија. Како што дознава српскиот портал „Ало” во трезорот се пронајдени и златни прачки со пешат на кралството. Сефот односно “депо 555 на СФРЈ претседателство” беше отворено минатата година после 30 години откако овие предмети биле депонирани. Отоврањето беше по барање на Првиот Основен суд во Белград, каде се води оставинската постапка меѓу наследниците на Тито.