Русинот Евгениј Климов е победник на првата станица во новата сезона во скијачки скокови во Висла. За поранешниот натпреварувач во комбинација ова е втор подиум во кариерата, прв во рамки на Светскиот куп. Во 2017 година беше трет во Инсбрук во рамки на Новогодишната турнеја каде поради силен ветар се одржа само една серија настапи.
Ланската сезона ја одработи без поголеми успеси и со 26 место како негов најдобар пласман, но оваа ја отвори на најдобар можен начин.
Во првата серија доскокна до 127,5 метри, во втората отиде четири метри подалеку и заслужено ја изненади конкуренцијата. Второто место му припадна на Германецот Стефан Лејхе, трет беше Роји Кобајаши од Јапонија.