Published: Wednesday, January 14, 2026 12:32
Во Клубот на пратеници се собраа лидерите на политичките партии на лидерската средба, која ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На иста маса седнаа лидерите на опозициските партии Левица и ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети, како и коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ – Билал Касами од Вреди и Горан Минчев од Движењето ЗНАМ.
СДСМ одби да присуствува на средбата, нагласувајќи дека техничката влада мора да остане. Од партијата непосредно пред почетокот на лидерската средба, им порачаа на сите кои присуствуваат на средбата дека се соучесници во легитимирањето на криминалот и корупцијата на власта, како и на изолацијата на земјата.




