Published: Friday, February 27, 2026 10:59
Иницијативата „Стоп за Усје“ ја објави целосната програма за утрешниот „Блокадафест“, кој од 15 до 23 часот ќе се одвива пред влезот на Цементарницата во Скопје.
Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: диџеј Александар Јорданов, дизеј Чваре, диџеј Ендрју Мелер, ‘Новиот Почеток’, ‘Хајка’, ‘Луфтханза’, ‘Животни’, ‘Големата вода’, диџеј Базел, диџеј Емили Нас, Дина Јашари, ‘Член 164, Зарина Првасевда и ‘Корка’“, стои во најавата.
Фото: Слободен печат




