Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопјанец ограбувал жени на дрзок начин, со украдена картичка подигнал 63.000 денари од банкомати

0
By НОВА ТВ Balaban on February 7, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
Фото: архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тој го искористил невниманието на оштетената и моментот во движење кога ги ставала своите купени производи во кеса, се движел до неа и се доближил, па со протнување на раката во левиот џеб на јакната, го зел паричникот.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 53-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка Кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство.

Осомничениот на 29.12.2021 година, во Градскиот Трговски Центар, на дрзок начин одзел еден женски паричник, во кој имало парични средства во износ од 100 денари, лична карта, здравствена картичка и неколку банкарски картички. Тој го искористил невниманието на оштетената и моментот во движење кога ги ставала своите купени производи во кеса, се движел до неа и се доближил, па со протнување на раката во левиот џеб на јакната, го зел паричникот. Без да биде забележан го напуштил местото на настанот, а во текот на денот, во неколку наврати, од два банкомати, со одземените кредитни и дебитни картички успеал да извади и да земе парични средства во износ од 63.000 денари.

На 04.02.2022 година, на автобуската станица пред зградата на МАНУ, на дрзок начин одзел еден мобилен телефон во вредност од 20.000 денари. Тој го искористил невниманието на оштетената и толпата патници кои влегувале во автобусот и во моментот кога оштетната го ставила мобилниот телефон во десниот џеб од својата јакна, осомничениот се втурнал во нејзина близина на скалите при влезот во автобусот, со раката го извлекол и зел мобилниот телефон од џебот, со намера противправно да го присвои. Потоа веднаш се симнал од автобусот, се свртел и почнал да се движи по тротоарот, но бил забележан и задржан од полициски службеници, лишен од слобода и спроведен во полициска станица.  ​​

дрзок начин жени ограбувал Скопјанец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.