Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Скопје 2014“ низ ПОП АП АКТО: „Каде е казиното во овој Лас Вегас“

0
By Влатко Чаловски on September 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на ПОП АП АКТО фестивалот кој годинава се одржува во четири града низ Македонија, организаторите одлучија за една поинаква, критичка туристичка тура низ центарот на градот Скопје во однос на проектот „Скопје 2014“.

Туристички водич пред гостите на фестивалот, а воедно отворена за јавноста беше активистот Никола Наумовски, кој пред присутните зборуваше за аномалиите на овој проект и контроверзностите со кои на главниот град на Македонија му се даде нов изглед.

Наумовски вели се одлучиле на оваа „Кич Тура“ бидејќи останатите водичи не ја покажувале другата страна на „Скопје 2014“.

– Осетивме дека има простор за да се каже она што треба да се каже за „Скопје 2014“, она што останатите туристички водичи не го кажуваат. Ја кажуваат само златната и сребрената страна на овој проект. Затоа што „Скопје 2014“ е многу повеќе уништување на градот отколку градење. Да се направи ваква тура не е ништо повеќе туку кажување на вистината, вели Наумовски.

Оние кои учествуваа во оваа тура низ градот, каде што Наумовски говореше за кичот на поставување споменици од различни епохи, едни до други, се чудеа на податоците и не можеа а да не чукнат со прсти на стиропорните фасади на новоизградените згради за потребите на државните институции.

За Корадо Џемини, фотограф од Италија, Скопје 2014 е пандан на Лас Вегас. Тој вели најстрашно е што со него се извртува културата на земјава.

– Најважното нешто што го видов денеска е хаосот кој го прават овде. Ја кријат вашата култура. Мешаат работи бесмислено и мислам дека ова е голем проблем бидејќи ја бришат меморијата и критичкиот дух на луѓето. Ова е како во Лас Вегас. Првото нешто што ми дојде на памет кога шетав низ градот беше „Каде е казиното?“. Ова е како во Лас Вегас, насекаде ставено по нешто без смисла и се работи за визуелно задоволство но направено без размислување, вели тој.

Освен оваа кич тура низ градот Скопје, ПОП АП АКТО фестивалот, кој трае од 23 до 28 септември, се случуваа и се предвидени работилници, предавања и разни проекции со учесници од различни држави.

ПОП АП АКТО фестивал Скопје 2014 споменици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.