ФОТО: Архитектурата пред Скопје 2014
Проектот „Скопје 2014“ продолжува- по изборот на архитектонски трудови за 20-тина фасади на постојни објекти во центарот на Скопје и распишаниот оглас кој се однесува на уште 20-тина згради, Градот Скопје вчера објави уште два Конкурси за избор на идејни решенија за 19 објекти.
Следни во планот на градската власт за реконструкција на фасадите се: поранешните два објекти на Комерцијална банка, хотелот „Стоун бриџ“, музичко – балетското училиште „Илија Николовски – Луј“, седиштето на Стопанска банка до ГТЦ, седиштата на компаниите Технометал, Фершпед и Интекс, трговските центри „Палома Бјанка“ и „Плаза“, Министерството за труд и социјална политика и редица други објекти што гравитираат околу плоштадите „ВМРО“ и „Мајка Тереза“, јавува Билд.




