Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

0
By Zoran Ivanov on February 24, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод третата годишнина од руската  инвазија на Украина вчера одржа митинг и марш во центарот на Скопје.

Во обраќањето по тој повод, потпретседателката на Здружението Тамила Велковска истакна дека денот кога руската федерација изврши инвазија на нивната земја, е најстрашниот ден во модерната историја на Украина и ден кој целосно засекогаш го променил живот на милиони луѓе.

На 24 февруари се навршуваат 3 години од  –  Три години од тоа страшно утро кога се разбудивме од зборот „војна!“. Сите овие три години на секој од нас го боли секој проектил, секоја бомба или граната испукана врз нашата земја, сите овие три години ги оплакувавме загинатите цивили, како и нашите херојски бранители, сите овие три години нè боли секој изгубен сон, секој кој е принуден да го напушти својот дом по желба да се спаси себеси и своите деца од страшниот и безмилосниот руски монструм.

Во текот на овие три години, илјадници и илјадници наши домови беа разурнати, илјадници животи беа изгубени, а судбините на милиони Украинци беа уништени. Ниту еден збор не може да го пренесе она што Украинците го чувствуваат денес: сета болка, гнев, понекогаш очај но и надеж, благодарност до нашите бранители и омраза кон проклетиот непријател, рече Велковска.

Таа потсети дека милиони Украинци се принудени да талкаат низ светот во потрага по заштита, и при тоа ја повтори благодарноста до Македонија која им даде засолниште на Украинците, пружи можности за живеење и работа овде, како и за сета помош во политичка и воена сфера!

Македонија уште еднаш потврди дека е мала земја со големо срце, рече Велковска и порача дека во пресрет на тригодишнината од почетокот на руска инвазија врз Украина, не губат надеж за најдоброто за нивната земја и оти никој нема да ги натера да се предадат.

 

војна годишнина лесја украина Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.