Минатата година, на денешен ден,  настан за македонската историја беше првата Парада на гордоста. Во време на корона пандемијата, Скопје прајд продолжува да живее- маршот иако вируелен, е посилен од кога било.

Затоа што, јавноста мора да знае за нееднаквоста со која живеат припадниците на ЛГБТ заедницата. Да знае за насилствата, за стигмата и  неприфаќањето со кои нејзините членови секојдневно се соочуваат.