Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Skopje Street Fest:Уметниците ќе сликаат на фрижидери

0
By Нова ТВ on June 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 9, 2016 22:15

Десет уметника, десет разладни уреди, десет уметнички дела. Најдобрите македонски улични артисти ќе ја заменат својата стандардна подлога за цртање со фрижидери во рамки на проектот Red Bull Curates, кој ќе се одржи за време на 11 и 12 јуни како дел од Skopje Street Fest. Посетителите на фестивалот ќе можат во живо да гледаат како се создаваат уметничките дела, а ќе имаат и можност да гласаат за најдобро насликан фрижидер.

Red Bull Curates е проект за сите оние кои се инспирирани од Жан Мишел Баскијат и од неговите почетоци како уметник со графити, кој што освен на ѕидовите, сликал и по фрижидерите и мебелот на своите пријатели, за потоа да биде признаен како еден од најзначајните авангардни уметници на Њујорк од седумдесеттите и осумдесеттите години.

ред бул 1

Свеста за денешната позиција на современата уметност во Македонија, особено не толку лесната позиција на уметниците од помладата генерација, беше мотивација за Ред Бул да го награди нивниот придонес кон културната сцена преку најавениот уличен фестивал.

Посетителите ќе имаат можност да видат десет реномирани уметници од помладата генерација кои во рамките на Red Bull Curates ќе стават свој авторски печат на фрижидерите.

Тие се претставници на креативните сили кои преиспитувајќи го својот визуелен јазик, и даваат смисла на средината во која што живееме. Стручното жири избра осум уметници, а за преостанатите две места можат да конкурираат сите заинтересирани така што ќе се пријават на Facebook страницата насловена Red Bull Curates Skopje. Се што е потребно да се направи е да се постават слики од своите трудови до петти јуни, со што ќе аплицираат за учество.

ред 3 f

По завршувањето на Skopje Street Fest, уметничките дела ќе бидат изложени низ клубовите во главниот град на Македонија.

„Ја повикуваме публиката на фестивалот да гласа од 12 до 18 јуни преку апликацијата на SSF, за најдобро дело во рамките на Red Bull Curates проектот. На крајот сите дела ќе бидат изложени во локалот „Кино Карпош“, на улица Благој Давков бр. 2, велат организаторите.

Публиката ќе има можност да гледа во живо како настануваат уметничките дела на 11 јуни, да разговара со авторите, но и да даде глас за своите фаворити. Изложбата ќе биде отворена до 18 јуни, кога ќе биде прогласен и победникот, вечерта во 20 часот.

 

сликаат уметници фрижидери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.