Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје – завршен рез

0
By Нова ТВ on June 11, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 11, 2016 17:44

Пишува Александар Петров

Единствен пат кога се приклучив на Шарената револуција некаде на почетокот, беше врнежлив ден и не верував дека ќе се осети ентузијазмот од претходните протести. Помислив дождот ќе ја спречи посветеноста, но граѓаните излегоа и одлично беше чувството да се осети цел тој оптимизам како струи низ ладен воздух. Огромна маса почна да се протега низ ширините . Штом се ислушаа јавните дискурси, сплотено и весело се фати правец  кон зададената маршрута… убави и паметни луѓе насекаде , емоцијата освежува ,дава храброст и сила која носи.

Се фрлаа и балоните со бои кон МНР,наоколу теснец од полиција. Нивната построеност задаваше гнев, но извиците ја пренасочуваа врелината… Масата продолжи спрема Чаршија … По пат удри силен ветер, застуде, дождот претера ,темницата некако застрашуваше… Напред се веат знамиња од сите бои ,тука е и Че во едно црвено од нив. Под Стоковната куќа МОСТ одекнува ехото на  тапанот, ама овој пат не е по звукот на  тешкото, туку тропа по ритамот  на До-ста-бе-ше-мо-лк!! Стигнуваме пред Влада и гневот се прелеа во стварност…

Добредојдовте во Шареноликоста!

Скопскиот  јавен простор конечно ја достигна својата кулминација. Таа  се проширува  и низ останатите градови. Со неа се случи социјално зреење, еден микс од гнев, надеж, замор, оптимизам, стремеж. Се згуснаа градските празнини кои се драматизираат преку шареноликото делување, просторот еволуира обратнопропорционално од генералниот идиотизам на властодржието.

Интересен  момент е секако потсмевот кој оваа револуција успеа креативно да го наметне како двигател на пост децениска агонија и човечката деградација. Авангарден одговор на бедното и застарено сивило. Затоа беше копирани и од другите европски протести, како оној во Париз. Од овој покрет нема спас ни за  бафал пропагандата ни за јадните контра копирања  ,на глупата  власт и нејзината кратковидост.

Впрочем расплетот на оваа спонтаност се состои токму во енергијата собирана сиве овие години на триење  и  затоа нејзиното тежиште е фокусирано токму  преку изливот на боја.

Скопската утрина која деновиве се забележува шетајќи низ нејзините улици (после вечерните покрети) , задава задушеност освежена од аномален, колоритен и урбан вандализам. Запуштен град чија тишина е пореметена од  драматично исфлеканите и  избледени споменици кои се во распаѓање. Отпад, на кој му е дојдено времето да се рециклира.

Нa глобално ниво архитектите ги надградуваат  тезите „Учејќи  од  Лас Вегас“ (‘’Learning from Las Vegas’’), книга на големиот архитект Вентури Скот Браун. Можеби стана и клише сите тие да се повикуваат на него преку градовите во кои живеат, изучувајќи го специфичното и интересното во нив. За жал, од Скопје нема више ништо што да се научи. Тоа исчезна до некое следно време….

Затоа шареното револуционирање ќе мора да ги изнајде тие потребни сили за да опстане до конечната победа, да создава решенија со кои ќе мора да ги врати потребните градски визури, толку значајни за Скопје. Но, она што можеби ќе остане приоритет од сето тоа е секако континуитетот кој ќе треба оваа сеопшта партиципација да го задржи и во иднината,да преставува темел преку кој ќе се  репродуцира повторното создавање на Македонскиот физички простор. Еден вид на отворен процес во кој секој ќе твори поединечно,претпазливо и внимателно,за никогаш повеќе да не се случи ваква градска осакатеност. Од ова движење би можело да произлезе и политички субјект, без притоа да јудицира на партија, каде би се задржале хоризонталните контури на делување,кои во случајов беа единствените кои вродија со плод. Затоа и правото на град може да се самоодржи само преку ваква иницијатива која секојдневно ќе се грижи за хабитатот кој ја опкружува. И не само тоа,со потребната сејавна посветеност може и да се надградува  урбаната култура со секојдневни интервенции и продонеси. Нема да има повеќе потреба од партиски штабови и политички трошоци со кои ќе се манипулира просторот и етерот. Нема да има потреба од бескрајни мандати и клиентелистички интереси. Доволна ќе биде само 2 годишна служба во јавно добро, заслужена по демократски пат. И секогаш следователно со нов службеник, кој ќе може слободно да црпи од  претходните колегијални искуства. Само така ќе  бидеме сигурни дека ќе затвориме со нашето минато. Градот е социјално општествено добро и нема потреба од него да профитираат поединци. Во таков создаден нов амбиент секој ќе има право и можност да реагира на најдобар можен начин штом увиде проблем или узурпација која и да допринесе во полесно решавање на проблемите од кои сме колективно засегнати. Нема потреба да се гледа ниту лево ниту десно туку само право, напред!

Затоа ни преостанува уште малце од периодов.

Грдата партија од власта го бара најлошото од нас ,Шарената она Најдоброто во Нас!

Да се приклучиме дури е време!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.