Published: Saturday, January 11, 2014 10:49
Поради густа магла над скопскиот аеродром „Александар Велики“ утрово се откажани пристигнувања и полетувања на авионите.
Маглата го пролонгира и заминувањето со чартер лет на ракометната репрезентација на Македонија за Данска. Репрезентацијата се наоѓа на аеродромот во очекување на кревање на маглата.
Алтернатива се аеродромите во Софија, Ниш или Белград, бидејќи и на најблиските аеродроми во Охрид и Приштина временските услови се исти како и во Скопје.
Првиот натпревар на Европското првенство Македонија ќе го игра утревечер од 20 часот против домаќинот Данска.




