Скопски Саем – OUTLET, е местото каде што ќе може да се најде се’ за домот. Овој продажен саем е со една и единствена цел, да се уреди домот по намалени OUTLET цени.
Од 5-ти до 14-ти јуни, граѓаните ќе имаат можност да заштедат, а во исто време реновираат, преуредат, или изградат својот дом.
Од мебел, до електроника, санитарија, плочки до теписи, постелнини или клима уреди, овој продажен саем е причина плус зошто да се посети Скопски Саем и одбере нешто од богата понуда на големиот број излагачи и присутни компании чија понуда ќе ги задоволи сите вкусови.
Местото кое ќе разлади, а во исто време и освежи со големиот избор на се’ она што е потребно за сите домаќинства.
Ако летото е време за одмор, тогаш Скопски OUTLET е празник за домот. Вистинското место да се заштеди време и пари, а во исто време да се збогати сечиј дом и задоволи сечиј вкус.
Влезот е бесплатен, а да се напомене дека следуваат и големи изненадувања за сите посетители.