Скопскиот аеродром и денеска поради маглата не е во можност да ги реализира полетувањата, а дел од слетувањата се пренасочуваат на охридскиот аеродром.
Во наредните 24 часа, како што најавуваат оттаму, нема да има ниту слетувања, ниту полетувања.
Летовите на „Визер“ ќе се одвиваат од софискиот аеродром. Превозот за патниците е организиран со автобус од скопскиот аеродром. Летовите од Истанбул, Љубљана и Дубаи се пренасочени кон Охрид. Останатите летови се откажани.
Од Аеродромот до патниците апелираат да дојдат на аеродромот минимум три часа пред закажаното полетување, бидејќи претставниците на авиокомпаниите може да им понудат повеќе опции: автобуски превоз до друг аеродром, хотелско сместување и презакажување на летот и попуст при следна резервација, алтернативни датуми и друго.




