Маглата и денеска го оневозможува воздушниот сообраќај, а го отежнува и движењето по патиштата низ Македонија. Без застој засега се одвива железничкиот сообраќај.
Сите планирани слетувања и полетувања на аеродромот во Скопје утрово се откажани или се пренасочени на аеродромите во Приштина, Софија и во Белград.
Намалена видливост од 20 до 100 метри има на патните правци Куманово-Крива Паланка, Куманово-Свети Николе, Куманово-Скопје, Тетово-Скопје, Тетово-Гостивар, Тетово-Јажинце, Тетово-Попова Шапка, Штип-Радовиш, Штип-Неготино, Штип-Велес, Скопје-Велес, Велес-Неготино, Кочани-Виница, Кочани-Штип, Прилеп-Градско, како и во Струмица, Ресен, Кичево и Македонски Брод.
Во клисурите, пак, се можни одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.




