Published: Sunday, January 12, 2014 11:37
Поради магла и утрово откажани се полетувањата и слетувањата на авионите на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Рано изутрината полетал само авион на Виз ер кој сообраќа на релација Скопје – Лондон, Лутон.
Аеродромот Александар Велики поради маглата и вчера беше затворен за сообраќај.
Појава на магла со видливост на места од 50 до 100 метри е забележана во Кочани, Штип, Павлешинци, Сарамзалино, Велес, Кула, Петровец, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола, Охрид и Струга и Куманово.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.




