Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопскиот филмски фестивал слави полнолетство, годинава понудени над 60 филма

0
By Нова ТВ on April 16, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопскиот фестивал кој слави полнолетство, во годинашната програма ќе понуди над 60 филма, повеќе гости, прес-конференции, како и работилници.

Оваа година фестивалот ќе го отвори новиот македонски филм „Медена ноќ“ на Иво Трајков, кој е направен во копродукција со Словенија и Чешка. Со режисерот, со главните актери Никола Ристановски и Верица Недеска, како и целата екипа, публиката ќе оствари средба на премиерата и на прес-конференцијата која ќе се одржи во сабота на 18 април 2015.
Филмовите се распоредени во десетина програми.

И годинава ќе има проекции на кратки играни и анимирани филмови, почесна програма посветена на значаен гостин, Програма на светски филм, како и Студентска програма.

Освен македонскиот филм „Медена ноќ“ на отворањето премиерно ќе бидат прикажани и три филма од регионот кои се направени во копродукција со Македонија. Тоа се бугарскиот „Пресуда“ на Стефан Командарев, во кој игра Мики Манојловиќ, потоа словенечкиот „Инферно“ на Винко Модерндорфер, и двете социјални приказни. А третиот е хрватскиот „Такви се правилата“ на Огњен Свиличиќ, во кој копродуцент е Светозар Ристовски.

Во главната програма ќе биде годинешниот добитник на „Златна мечка“, иранскиот филм „Такси“ на Џафар Панахи, кој се уште ја одлежува својата 20 годишна затворска казна.

Понатаму, ќе бидат прикажани уште филмови добитници на награди, како што е мексиканското деби на Габриел Рипштајн во чиј филм „600 милји“ игра Тим Рот, потоа полскиот „Тело“ на Малгоржата Шумовска, кој ја доби „Сребрената мечка“ за режија, како и германското деби „Викторија“ на Себастијан Шипер, кој доби награда за уметнички придонес во поглед на употребата на камерата.

Од Берлин ни доаѓа и германско-австралискиот филм „Еликсир“ посветен на бунтовните уметници, во кој игра македонската актерка Наташа Петровиќ.

Во оваа програма е и израелскиот „Судењето на Вивијан Амсалем“, потоа „Возвишен“ на Клаудија Љоса, неверојатна приказна за границите на љубовта кон своето дете, како и филмот „Турист“ на Рубен Остлунд.

Од Кан гостува еден од најдобрите филмови од минатата година, „Тимбукту“ на Абдераман Сисако.

Од Програмата на светски филм се издвојуваат францускиот трилер на Андре Тешине „Човекот што премногу љубеше“, унгарскиот „Белиот бог“ на Корнел Мундрузо и данскиот „Тивко срце“ на ветеранот Били Август.

Во програмата на авторски филм се и новиот филм на Абел Ферара, Гај Маден, Џесика Хауснер, како и „Диви приказни“ на Дамијан Шифрон.

Специјален гостин на фестивалот е големиот ирански режисер Мохсен Макмалбаф.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.