Рекордни 12.500 учесници од 58 земји денеска трчаат на 15.ти „Виз ер Скопски маратон“. Почнувајќи од рекреативци, почетници, до професионалци учесниците се поделени во неколку категории, маратон, полумаратон, мешан штафетен маратон (мажи и жени) и на ревијалната трка на пет километри.
За разлика од минатите години, наместо од плоштадот и во правец кон Камени мост, стартот и целта на трката се од пред Собранието на Македонија. Потоа се трча кон Владата, лево по булеварот Илинден кон Ѓорче Петров, оттаму по булеварот Теодисиј Гологанов, кон Центар, населбата Јане Сандански и назад до Собранието.
На маратонот учествуваат различни тимови, од приватни фирми и јавни претпријатија, поединци, здруженија и хумантарни организации кои со своето учество ги пренесуваат и своите пораки. Учество зема тимовите на Клиниката за пластична хирургија и за хематологија, со цел да се подигне свеста за превенција од меланом, а во паркот Жена-борец имаат и штанд за запишување во националниот регистар за дарители на коскена срцевина, што е дел од кампањата за подигање на јавната свест „Биди срцевина, биди херој“.
Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ ја продолжува традицијата на учество на Скопски Маратон заедно со групата Скопско ноќно трчање.
Здружението, оваа активност прв пат ја реализираше во 2013 година со цел преку промовирање на здрав живот да ја подигне свеста за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести. Околу 50 учесници пријавени од Скопско ноќно трчање трчаат на 5, 21 и 42 километри и штафета за лицата со ретки болести за кои не постои терапија.
На маратонот се присутни ќе трчаат пациенти со пулмоланхипертензија и нивното здружение„Момент Плус“, како и пациенти со цистична фиброза.
Волонтерите им помогнат на натпреварувачите полесно и безбедно да го завршат маратонот, им даваат инструкции за движење, ги нудат со вода, овошје и електролити, а помагаат и во регулацијата во сообраќајот, особено на пешачките премини.
Наградниот фонд изнесува 18.000 евра, а најдобрите, заедно со бонусите за евентуалните рекордни времиња, ќе добијат и до 5.000 евра.











