Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопско темно за сите пивски сладокусци во Македонија

0
By Нова ТВ on December 4, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пивскиот бренд со најдолга традиција во земјата – СКОПСКО доби нова екстензија на брендот, втора во последните две години. Најновата инвестиција на Пивара Скопје АД во развојот на пивската култура во Македонија и домашната индустрија е СКОПСКО Темно.

„Респектирајќи го огромното значење на СКОПСКО за домашната пивска индустрија, неговата репутација кај љубителите и неговите вредности како бренд кои се препознаени и прифатени од зедницата, одлучивме дополнително да вложиме во неговиот развој.

Со инвестицијата во новото СКОПСКО Темно, Пивара Скопје ја потврдува својата долгорочна стратегија и огромна посветеност на развојот на домашниот пазар на пиво, а со тоа и на својот придонес кон развојот на македонската економија“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ, потенцирајќи дека успешното лансирање на единственото домашно темно пиво на пазарот е резултат на „огромните напори и залагања на вработените во Пивара Скопје“.

Покрај темната махагони боја, која произлегува од двојно печениот јачменов слад, новата бренд екстензија на СКОПСКО поседува и други уникатни карактеристики, како што е богатата и цврста пена која овозможува задржување на неговата свежина и богат вкус со заокружен благо горчлив финиш, со што потсетува на најпознатите баварски пива, без притоа да загуби од својата автентичност.

„СКОПСКО Темно се произведува по оригинален рецепт на пивските мајстори во Пивара Скопје. Тоа претставува совршен микс на квалитетни природни состојки: темен јачменов слад, хмељ, квасец и вода; најсовремена технологија и големо искуство, знаење, љубов и страст кон пивото. Убеден сум дека со ваква уникатна комбинација новото македонско темно пиво ќе биде вистински хит меѓу пивските сладокусци во земјава“, вели менаџерот за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов.

Водејќи се од искуствата во земјите со долга и богата пивска традиција, СКОПСКО Темно ќе биде достапно на пазарот претежно во зимскиот период, кога консументите преферираат темни пива со исклучително богат вкус.

„СКОПСКО секогаш бил двигател и предводник во воведувањето новини на пазарот во Македонија. СКОПСКО Темно е подарок за нашите потрошувачи, кои се верни на овој бренд 90 години и е производ кој ќе помогне во развој на целата пивска категорија“, изјави комерцијалниот директор на Пивара Скопје, Витсе Мутерс.

Новото СКОПСКО Темно, произведено во Пивара Скопје, ќе биде достапно за сите љубители на пивото во земјава во повратна стаклена амбалажа од 0,3 и 0,5 литри, како и точено, по конкуретна цена која одговара на врвниот квалитет на ова уникатно пиво.

Маркетингшки текст

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.