Published: Tuesday, February 24, 2026 19:10
Модератор на конференцијата беше Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.
Учестуваа десетина еминентни личности од невладини организации борци за човекови права, професори, дипломати, новинари, креатори на политики и претставници на граѓанското општество од Европа и пошироко, од Украина, Германија, Велика Британија, Франција, Литванија, Италија и САД, а со видео обраќање се вклучи и амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија.
Поводот, 24 февруари 2026 година кога на овој ден пред четири години руската војска навлезе на украинска територија и ја почна најголемата агресија и војна во Европа во овој век.
Конференцијата се емитуваше во живо на Јутуб каналот и на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.




