Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скриена камера: ЈСП во служба на политичката кампања на ВМРО ДПМНЕ

0
By Влатко Чаловски on April 25, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 25, 2014 19:08


Музичката шема која ЈСП ја најави пред речиси три години, и онака не се почитува. Многумина од граѓаните секојдневно се жалат дека шоферите во улога на ди џеи пуштаат музика по своја волја.

Но тоа и не е толку „страшно“ во поглед на „репертоарот“ кој на граѓаните им се сервира за време на предизборната кампања.

Сега, покрај граѓаните, и шоферите во контакт со нив се жалат дека фреквенцијата им е заглавена на една радио станица – „Радио Слободна Македонија“. И наместо предвиденото, класична музика во утринските часови, а потоа и динамичен ритам со текот на денот, во речиси секој автобус се слуша платена политичка програма, односно политички говори и емисии на кои најчесто се слушаат политичарите од власта.

Барајќи одговор од ЈСП за ваквата практика, во телефонски разговор денеска ни беше соопштено дека не даваат изјави и коментари додека не завршат изборите на 27ми април, иако ништо не ги обврзува на такво нешто.

„За тоа можеме да разговараме од понеделник“, е одговорот кој го добивме од една од службеничките во ЈСП – Скопје.

Екипата на НОВА со скриена камера снимаше разговор во еден од автобусите на ЈСП, каде што шоферот отворено ни кажа дека тој нема контрола врз музиката, а единствено што останува е да го изгаси радиото.

„Поради избориве само реклами, само избори даваат“, вели еден од шоферите, објаснувајќи дека УСБ-то од каде што можат да пуштаат музика е „укинато“.
Во однос на ова прашање, помладите корисници на јавниот превоз велат досадно им е, особено кога се возат на подолги релации, а народот внатре „затруено“ разговара само за политика. Слика има на мејлов

Невладината организација „Цивил“ исто така забележува дека во јавниот превоз кој е на сите граѓани, во екот на предизборната кампања се форсира една политичка опција.

– Во рамките на злоупотребата на јавните ресурси, ја гледаме и злоупотребата која особено според принципот на нулта толеранција, е многу присутна во средствата за јавен превоз каде што забележуваме едно радио, кое е очигледно про-владино, кое емитува програма. На неа во далеку поголем обем се презентираат партиите на власт, отколку партиите во опозиција, вели Џабир Дерала за НОВА.

Тој надополнува дека во Цивил пристигнале неколку пријави од граѓаните, а истото е забележано и од набљудувачите на Цивил кои користат јавен превоз, како „агресивно и очигледно форсирање на само една партија“.

Но и покрај музичкото мени кое го понуди ЈСП – Скопје а кое не се почитува, ниту во Законот за превоз на патници, а ни Град Скопје, немаат предвидено санкции за ваков тип непочитување на Правилникот од ЈСП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.