Кабинетот на претседателот Иванов купил вратоврски во висина од речиси 6.000 евра од фирмата ФОКАБО ДООЕЛ, во која според бирото за јавни набавки, управителка е авторката на Воинот на коњ, Валентина Стевановска.
На бирото за јавни набавки во секцијата „Евиденција“ каде што се регистрираат малите набавки кои се прават без објавување оглас, односно во договор во четири очи може да се забележи набавка на вратоврски направена во 2012 година во вредност од 5.800 евра со фирмата ФОКАБО ДООЕЛ каде што управител е токму контроверзната скулпторка Валентина Стевановска – авторка на воинот на коњ, Триумфалната капија, фонтаната со споменик на Филип 2 и многу други дела од проектот Скопје 2014.
Стевановска во изјава за НОВА рече дека не е точно дека фирмата каде таа е управител извршила набавки на вратоврски за Кабинетот на Иванов. Сопственик на фирмата е нејзиниот татко, а таа нема време за да работи во фирмата. Не упати да бараме некоја друга фирма со назив ФОКАБО ДООЕЛ.
Од Кабинетот на претседателот Иванов реагираа дека станувало збор за тенденциозно и злонамерно извртување на фактите, со крајна цел дискредитација на институцијата Претседател на Република Македонија.
„Наведените износи од договорите за јавните набавки претставуваат планирана вредност на јавната набавка која не секогаш се реализира во целост, односно не се исплатени целите износи наведени во договорите, туку по фактура за извршената услуга,“ реагираат од Кабинетот на претседателот Иванов.
Фотографија од копија од Централниот регистер за фирмата ФОКАБО ДООЕЛ

.jpg)
Фотографија од набавката превземена од Бирото за јавни набавки





