Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скупи фестивал од вечерва до 4-ти октомври со осум претстави

0
By Zoran Ivanov on September 29, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“ ќе се одржи од вечерва до 4 октомври на сцената на Албанскиот театар во Скопје, под мотото „На крајот, секоја маска мора да падне”. Свеченото отворање ќе биде во 20 часот, со гостување на Националниот театар на Косово од Приштина, Косово со претставата „Брак” од авторот Витолд Гомбрович, во режија на Норберт Раковски. Играат: Арменд Смајли, Иљбер Барди, Менсур Сафќиу, Шеќерие Бучај, Шкљзен Весели, Ера Балај, Адурим Деми.

На вториот фестивалски ден, во истиот термин ќе ја видиме претставата „Тврдина” од Меша Селимовиќ во режија на Андреа Беналјо и во продукција на „Ателјеркунчеон“ од Бергамо, Италија. Улогите ги толкуваат: Андреа Беналјо, Винченцо Лонгарети, Гаја Бономи, Алина Фофанова, Мирко Таска, Срдан Ерак, Теодора Пајич.

„Жената на Макбет и јас 2.0” на авторот Мирел Кнез, кој исто и ја изведува претставата, а во режија на Ник Упер, продукција на Глобал театар, Љубљана, Словенија, ќе биде изведена на 1 октомври, во 19 часот Во 20.30 часот ќе следува „Бес за двајца или повеќе” од Театар „Хера“, Истанбул, од Ежен Јонеско во режија на Сенем Џевхер. Играат: Озкан Озен, Бесте Озен, Огуз Каан Кахраман.

На 2 октомври во 20 часот ќе гостува „Дон Жуан” од Жан Батист Молиер, во продукција на Народниот театар од Ниш, а во режија на Васил Василев. Играат: Дејан Лилиќ, Драгиша Вељковиќ, Маја Вукојевиќ Цветковиќ, Андрија Митиќ, Урош Милојевиќ, Катарина Митиќ Павловиќ, Наталија Јовиќ, Данило Петровиќ, Марјан Тодоровиќ, Милош Митровиќ.
На 3 октомври во 19 часот следува перформансот „X” од независниот театар „Јалта арт рум“ од Софија, на авторот и режисер Бојан Крачалов, а во интерпретација на Васил Дуев – Туиг.

Истата вечер во 20.30 часот гостува претставата „Медеа” од Еврипид од Народен театар „Иван Вазов” Софија, во режија на Деклан Донелан. Играат: Радина Карџилова, Велислав Павлов, Валентин Ганев, Асен Данков, Јавор Валканов, Стелиан Радев, Вера Табакова, Радена Валканова, Жорета Николова, Стефанија Колева, Елена Иванова, Надја Керанова, Ана Пападопулу и две деца актери.
И во последниот ден на фестивалот, в сабота во 20 часот претставата „Половина – Животот на Марија Кири” на Лаурен Гундерсон, а режија на Армела Демај. Играат: Уљка Мујо и Армела Демај. Продукцијата е на театар „Метропол“ од Тирана.

За сите претстави е обезбеден превод на македонски јазик.

Жирито на 19. издание на фестивалот е во состав на Замира Кита, актерка од Албанија, Замира Кита, новинарката Сребра Ѓорѓијевска и актерот Адриан Азири. Тие ке одлучат за наградата најдобра претстава на „Скупифестивал 2025“.
„Скупифестивал“ е поддржан од Министерство за култура и туризам. Директор на фестивалот е Музбајдин Ќамили, претседател на уметничкиот совет Сенко Велинов, уметнички директор Осман Ахмети, членови се Куштрим Бектеши, Бетим Зекири, координатор Џанер Мусиќ, изработка на видеоматериали Бетим Зекири. И оваа година за дизајнот на Скупифестивал се погрижи Eggra.

 

 

„Скупи“ почнува фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.