Published: Thursday, September 19, 2013 11:53
Државната комисија за спречување на корупција отворила корупциски предмет за аферата со семејните тендери на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Државната комисија за спречување на корупцијата ги следи сите предмети, и како и во многу случаи по јавно изнесени гласини, отворен е корупциски предмет за Заев“, рече претпладнево претседателот на ДКСК, Ѓорѓи Сламков.
Антикорупционерите ќе проверуваат дали има судир на интереси во случајот кога Општина Струмица, каде што Заев е градоначалник, како што соопшти деновиве ВМРО – ДПМНЕ доделила тендери на таткото и братот на лидерот на СДСМ во вредност од половина милион евра.




