Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сламков: Јанкуловска побара јавно да се произнесеме, Заев не

0
By Нова ТВ on October 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 6, 2013 10:14

Сите граѓани, сите носители на јавни функции се исти меѓу себе во своите права и обврски, вели претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Ѓорѓи Сламков во неделното интервју на Радио Слободна Европа, на прашањето дали Комисијата ќе го испита случајот Мијалков на што повика Заев, бидејќи тој имал незаконски стекнати пари.

На прашањето до каде е предметот со Заев, Сламков не сака да открие детали.

– Тоа не можам да ви кажам. За предмети коишто се во тек, ние не зборуваме. Тоа е мој личен став како кривичар, како професор по кривично право, и процесно и материјално, тука го имаме членот 2 од Законот за кривична постапка, презумпција на невиност и јас сум за тоа дека оваа презумпција мора да биде почитувана. Предметот, како и сите други коишто ги работиме, е во тек.

Дали како независно тело имате механизми да разграничите што е партиски реваншизам, а што е корупција и дали борбата против корупцијата страда во овие партиски препукувања? Еве наближуваат претседателските избори, гледаме дека и кампањата вообичаено се води со обвинувања за корупција.

– Токму тоа и го споменав. Ова е тема за којашто се пресметуваат политичките партии и токму тука се приближуваат до работата на Комисијата. Се разбира, критики ќе има во една или во друга насока, меѓутоа нас како комисија не нè интересира таа нивна меѓусебна борба. Нас нè интересира дали елементите што се споменати во јавноста или што се утврдени имаат коруптивни основи или судир на интереси па да постапуваме по нив. Нам ни е тоа сосема јасно и ние така постапуваме, согласно законите.

Како тогаш експресно реагиравте за министерката Јанкулоска, а за Заев отворивте постапка?

– За Заев бевме прашани од страна на новинарите. Ние немаше да кажеме дали водиме предмет доколку новинарите нè не прашаа конкретно и тоа е единствената информација што им ја дадовме. Сите други информации се дека тој предмет е во тек и мислам дека треба да се прифати како и сите други предмети за коишто ние си имаме тековно постапување и со ништо да не се издвои во таа маса. Во поглед на првиот дел од прашањето за министерката за внатрешни работи, мислам дека самата таа министерка се обрати во јавноста и ја повика Комисијата јавно да се произнесе дали има елементи за обвинувањата на нејзина сметка, но од она што е евидентирано во анкетните листови кај нас, состојбата е таа што е.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.