Славица Котиров е нова директорка на Царинската управа. Ова го одлучи Владата на синоќешната седница. Таа досега беше заменик-директор на Царина.
Од Владата соопштија дека ја прифатиле оставката на Горан Сугарески и го разрешиле од функцијата.
Ова следи по оставката на досегашниот директор на Царина, Сугарески, кој одлучи да се кандидира за градоначалник на Прилеп. Тој за оваа одлука инфомрираше на 9 јули, а функцијата ја напушти на 12 јули.
Се повлекува од Царина: Сугарески се кандидира во СДСМ за градоначалник на Прилеп