Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следната недела средба на Нимиц со министрите Димитров и Коѕијас

3
By Нова ТВ on February 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова средба во рамките на процесот за преговори под посредништво на медијаторот Метју Нимиц на министерско ниво ќе се одржи следната недела, потврди на денешната прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев.

–  Се надевам дека уште идната недела под раководство на Метју Нимиц ќе се одржи состанок помеѓу двајцата министри како ново ниво на преговарачкиот процес што е договорено,  рече Заев на прес-конференцијата посветена на средбата на Владата и Агенцијата за млади и спорт со спортски работници.

Одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евенуални уставни измени, Заев рече дека не гледа потреба за промена на Уставот.

– Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира  членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраните иредентизмот. Во моментов се што правиме е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, територијални или какви било, дека Македонија нема иредентистички побуди. Македонија сака да гради пријателство, и од тој аспект, не гледам потреба за тоа, рече Заев.

Тој повтори дека решението за името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни и тука нема дилеми.

– Вчера реков став на Владата, односно за Владата прифатливо е име со географска одредница. Тоа го темелам на основа на моите очекувања во внатрешната дебата која што ја имаме во Македонија, на чекорите што ги правиме, на она што значи можности и до каде може да се движиме, на спроведливоста на можните решенија и слично. Остануваме на ставот дека достоинството и  идентитетот се важни работи. Јас сум убеден дека Македонија може со консензус по ова прашање во интерес на иднината на перспективите за НАТО и ЕУ интеграцијата  да изнајде решение, рече Заев.

Изрази увереност дека тоа може да го направат институциите на државата, политичките субјекти – власта и опозиција заедно.

– Верувајте дека апсолутно знаеме што е тоа што е возможно, што е тоа што е дозволиво и до каде треба да одиме. Ќе направиме се да изнајдеме решение на овој горлив 25-годишен проблем, но не по секоја цена, порача премиерот Заев.

Според него постојат радикални структури и во двете земји, но оти треба да направиме се да се изнајде решение за да градиме во иднината и билетерално и регионално пријателство со сите.

Во однос на тоа што беше соопштено од министерот за надворешни работи на Грција, Коѕијас, дека подготвува драфт верзија на меѓународен договор, Заев рече дека Македонија е подготвена да искористим се што постои како можност за решение, бидејќи спорот треба да заврши со постигнување меѓународен договор.

– Таквата идеја за мене е добредојдена и може да биде од помош, рече премиерот Заев на прес-конференција во Владата.

 

Бошњаковски Заев Нимиц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.