Променливо облачно и ветровито, на повеќе места со обилни врнежи од дожд. Вакво време за денеска и за следните денови најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На места претежно на запад, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и во текот на следниот ден. Температурата ќе биде од 14 до 22° С.
Под влијание на засилено јужно воздушно струење и влажен воздух во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер (над 70км/ч.).
Во среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
До петок и утринските и дневните температури ќе бидат во опаѓање.




