Поради обилните падежи снег околу 10.000 домаќинства во Словенија останаа без струја, најмногу од нив на подрачјето на Љубљана.
Снегот предизвика проблеми во сообраќајот во земјата а покрај неколкуте сообраќајни несреќи се очекуваат и снежни одрони.
Поголемиот дел од земјата е покриен до 20 центриметри со снег а на планините и до 40.
Освен во Љубљана, околу 4.000 домаќинства без струја останаа и во Дравоград во регионот на Марибор.