Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Рашковски-Леонардо: Аудио-снимката во ОЈО, се отвораат нови непознаници

0
By Соња Петрушевска on July 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аудио снимката која беше објавена во некои медиуми, а на која наводно се слуша генералниот секретар на Владата Драги Рашковски отвори простор за евентуална истрага од страна на Јавното обвинителство- за  наводни незаконски влијанија и местење на тендер за М-НАВ ( Македонска навигација), но го актуелизира и прашањето за  безбедноста на авио-сообраќајот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска  на трибина во Скопје изјава дека на последната затворена владина седница  се разговарало „ за инцидентот кој што се случил во фирмата Македонската навигација, и донесени се соодветни заклучоци по кои треба да се постапува и во рамките на тоа сите овие прашања треба да се расчистат“.

Спасовски не сакаше да одговори на новинарско прашање дали овој „инцидент“, кој не прецираше на што се однесува, влијаел врз безбедноста на летовите и дали се работи за инцидент кој што се случил за време на некој авионски лет или не.

„Има одредени пропусти во институцијата, тоа го разговаравме на затворена седница на Владата и врз основа на тоа се донесени заклучоци за кои јавно не можам да зборувам, меѓутоа кога ке се разгледаат одлуките ќе бидат соопштени“ рече Спасовски.

Чекор понатаму отиде генералниот секреатар Рашковски кој во обид да ги демантира тврдењата на опозицијата дека бил инволвиран во местење на тенедер на својот фејсбук профил објави документ од седница на Управниот одбор на М-НАВ потпишана од Николче Тасевски – претседател на Управниот одбор.

Во овој документ пишува дека извршниот директор за воздухопловна техника, Климент Чепуњоски, без консултација со останатите членови на Управниот одбор преку е-пошта се обраќа до Европската банка за обнова и развој, а во тој мејл  искажува невистини за состанокот одржан помеѓу М-НАВ и ЕБОР. Оттогаш,  комуникацијата помеѓу со ЕБОР била целосно е блокирана.

„Покрај овие проблеми, со нефункционирањето на Секторот за воздухопловна техника односно неодржувањето на уредите, системите и опремата е сериозно доведена во прашање безбедноста на воздушниот сообраќај. Од вработените постојано доаѓаат поплаки дека системот не функционира“ пишува во документот што од Управниот одбор на М-НАВ бил испратен до Владата на 23 ноември 2018 година.

По две недели, односно на 14 декември во М-НАВ се потпишува Договорот со италијанската фирма “Леонардо” за набавка и инсталација на новиот систем за управување со воздушниот сообраќај, а неколку месеци подоцна, кога претседателските избори веќе се распишани и не се дозволени смени, Кирил Чепуњоски е разрешен.

Од М-НАВ денеска не добивме одговор до објавувањето на овој текст„зошто се криеле овие информации од јавноста, ако биле констатирани ризици по воздушниот сообраќај“.

Деновиве во јавноста излезе аудио-снимка, на која наводно се слуша гласот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како зборува со сменетиот директор на техника на М-НАВ, Чепуњовски, околу тендерот за набавка на опрема, со фирмата италијанската “Леонардо”.  Во таа наводна снимка Рашковски му предлага на Чепуњовски да се поништи одлуката на Владата (не се објаснува која е таа одлука), која се однесува на тендерот и да се потпише договор со италијанската фирма.

ВМРО ДПМНЕ: Јавното обвинителство да го гони Рашковски за незаконски доделен тендер од 7 милиони евра

Опозициската партија денеска ја достави аудио – снимката до Јавното обвинителство за  да се испитаат сомневањата, како што велат-„за 7 милионскиот  криминал сторен од страна на Драги Рашковски при набавка на систем за летање“.

“Информациите кои излегоа во медиумите укажуваат дека Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со  воздушниот простор  во вредност од 7 милиони евра,  иако важноста на тендерската документација е истечена, спротивно на заклучокот на Владата, како и во спротивност со одредени законски решенија, за кои како што се вели, во снимките требало да бидат сменети“.

Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кое му  се заканува казна затвор од најмалку 5 години”, рече Иванка Василевска – ВМРО ДПМНЕ.

Василевска побара за Рашковски да биде одреден и притвор за да не влијае врз сведоците.

Генералниот секреатар на владата Рашковски ги отфрли ваквите тврдења. Тој тврди дека тендерoт бил објавен во 2016, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ  кога бил и избран  најповолниот понудувач- а тоа е италијанската Леонардо. Договорот не бил потпишан до декември 2018, иако тоа било неопходно за безбедноста во сообраќајот, и заради тоа Рашковски добил насоки од Владата да донесе соодветно решение за овој проблем.

„Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, по задолжение на Владата, а не самоволно се организира состанок во мојата канцеларија  и на состанокот не се договора никаков тендер туку се збори за динамиката на испорака на веќе завршена постапка“ напиша Рашковски на својот Фејсбук профил.

По ова,  Владата одлучува Договорот со италијанската фирма Леонардо да финишира- тој е потпишан на 14 декември лани.

Рашковски за утре најави прес конференција, на која како што кажа, ќе ги објавел сите детали околу набавката на АТМ системот од италијанската фирма Леонардо. Тој ги покани и функционерите на ВМРО ДПМНЕ и Чепуњовси да дојдат на прес конференцијата.

Во меѓувреме, од СДСМ преку писмено соопштение ја обвинија опозициската партија дека „е спремна да шурува со луѓе кои се подготвени да ја загрозат безбедноста на граѓаните“ и прашуваат „Зошто три дена после состанокот на Рашковски со Климент Чепуњовски, од кој потекнува и снимениот разговор заминал на пат за Русија?

 

Фото: Архива на НОВА

аудио снимка Рашковски тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.