Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Рекет“: Нови материјални докази во судница

0
By Нова ТВ on February 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“. Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со презентирање докази.

На претходното рочиште беа прикажани снимки од камерите во куќата на Јордан Камчев, што тој во својство на сведок ги има доставено во Обвинителството како доказен материјал. Станува збор за видео материјали на кои се прикажани Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и Камчев што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, а потоа и во македонските медиуми на кои истиот настан беше прикажан од повеќе агли односно од други позиции.

Беше пуштена и снимка од необјавена емисија „Инсајдер”, а презентирани беа и фискални сметки од обвинетиот Бојан Јовановски од 2019 година за облека што ја купувал од брендирани бутици во Италија. Сметките, преку 20, се на износи од 300 до 9.000 евра и повеќе. Вкупниот износ е 148.000 евра што биле потрошени за три дена во Италија.

Во доказите беа презентирани и извештаи од вештачењето од мобилните телефони на Јовановски за комуникација на Ватсап меѓу Боки и Катица Јанева на која и праќал слики од мебел и ја известил дека е стигнат. Како докази беа презентирани и пораки од Јордан Камчев и од пратеничката Фросина Ременски испратени до Боки 13.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Бојан Јовановски Видео снимки докази Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.