Демант од Приватна здравствена установа Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија МОЈА БОЛНИЦА Скопје, кој го објавуваме во целост:
„На ден 22.01.2018 година на веб страницата novatv.mk е објавен текст со наслов “Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето на починатата родилка” потпишан од Ваша страна.
Сметаме дека во текстот на невистинит начин се известува за немилиот настан кој се случи, а nрезентираните информации не соодветствуваат со вистинските околности поврзани со овој случај.
Имено, во воведната реченица од текстот се наведува “Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето со царски рез на родилката Дебора Џамбази која почина во четвртокот во приватната болница Санте Плус…”.
Ваквата изнесена информација претставува груба невистина која најостро ја демантираме и која сметаме дека единствено има за цел да и наштети на угледот на нашата здравствена установа.
Како што веќе известивме во јавност, nочинатата родилка не nочина во нашата nриватна болница.
Воедно сметаме дека и останатиот дел од текстот содржи информации кои при околности на сеуште незавршена истрага и без официјални информации од надлежните институции, истите спаѓаат во доменот па шnекулации.
Согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, за клевета одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или пронесува невистинити факти што се штетни за неговата чест и углед, а знае или бил должен и може да знае дека се невистинити. Притоа, одговорност за клевета постои и ако невистинитото тврдење содржи факти штетни за угледот на правно лице.
Во конкретниот случај сметаме дека преку јавното објавување на невистинити содржини, во околности кога релевантните институции се уште не се произнеле за настанот Вие всушност вршите клевета во смисла на nогоре цитираните законски одредби со која се има за цел единствено да се наруши честа и угледот на нашата здравствена установа.
Од овие nричини, согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Ви го доставуваме ова Барање за извинување и јавно повлекување на сnорниот текст од веб страницата novatv.mk, а со цел ублажување на штетата која ќе треба да ја надоместите.
Имено, Ве nовикуваме Вашето извинување и јавно nовлекување на споменатите содржини да го сторите во рок од 48 часа од nриемот на ова Барање, на начин што ќе пос-mрате нов текст на веб страницата
\\’W\.v.novatv.mk со Ваше извинување и јавно повлекување на кажаното, со образложение дека Вашите наводи истакнати во Вашите текстови се невистинити.
Извинувањето и јавното повлекување на објавениот текст треба да биде извршено на ист начин и во исто времетраење како што се објавени Вашите текстови со кои е извршена клеветата.
Ве молам бидете известени дека доколку не постапите како што е погоре определено, ќе бидеме приморани да поднесеме и тужба за надомест на штета против Вас пред надлежниот суд“, се вели во демантот испратен по писмен пат од болницата со датум од 24 јануари, а во редакцијата на НОВА стигна на 31 јануари.
Одговор од авторот на текстот:
Како автор на текстот, јас Менче Атанасова Точи стојам зад се што е напишано затоа што се е поткрепено со изјави од сите инволвирани страни. Во ниту еден текст, нема мој личен став ниту произволна изјава и сметам дека нема причина да се извинувам, како што тоа го бара болницата. Во текстот„ Анестезиолог од КАРИЛ учевствувал во породувањето на починатата родилка“, во првата реченица стои, цитирам: „Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето со царски рез на родилката Дебора Џамбази која почина во четвртокот во приватната болница Санте Плус“, а понатаму во текстот како, што бараат новинарските правила и принципи (по принцип на превртена пирамида) е разработен целиот настан, поткрепен со изјави од сите страни: Од Весна Камилова управител на Моја Болница(Санте Плус), потоа од една од трите анестезиолози од КАРИЛ кои ја примиле родилката, од директорот на Институтот за судска медицина.
Со овој демант болницата всушност ја демантира изјавата на една од трите лекарки кои ја примиле родилката и како што вели, ја реанимирале од очај бидејќи, како што рече, таа веќе била почината. Еве ја изјавата на д-р. Вања Џамбазова која ова го кажа уште во првиот текст објавен од моја страна, а стои и во спомнатиот текст.
„ Родилката беше донесена мртва, со мртовечки петихии, со проширени зеници, без срцева акција, немаше пулс, ниту свест. Ние пристапивме во реанимација повеќе од очај. Немавме информација што с е случувало во болницата претходно, но по еден час и 10 минути се откажавме бидејќи пациентката не покажа никакви знаци на живот, во ниту еден момент“.
И од Институтот за судска медицина денеска потврдија дека на документот, односно мртовечката придружница од КАРИЛ пишува дека родилката била донесена почината.
„Во документот за секое починато лице стои во каква состојба бил донесен на клиника, дали е донесен починат. Во документот од КАРИЛ пишува дека родилката е донесена почината, изјави за НОВА Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина.
Информацијата дека родилката била донесена почината ја потврди и анестезиологот д-р. Маја Мојсова, раководителот на КАРИЛ, која потенцира дека дури и да имала пулс 20, како што тврдат во болницата Моја Болница(Санте Плус) родилката во никој случај не смеела да се транспортира.
Во истиот текст е објавено и соопшtението од Санте Плус, каде што тврдат дека родилката била однесена на КАРИЛ за„ реанимација и понатамошен третман“, како и изјавата на Весна Камилова која тврди дека „ Пациентката е однесена со возило на Итна медицинска помош во придружба на двајца анестезиолози, била жива и во моментот на прием на КАРИЛ имала 20 отчукувања на срцето“.
Текстот е работен професионално и според сите новинарски стандарди, поткрепен од повеќе извори.
Конечниот извештај на Комисијата формирана од Министерството за здравство ќе ги покаже сите детали за случајот со починатата родилка.
Но, она што е симптоматично во случајот е што раководството на оваа болница прво јавно го обвини за тенденциозност и субјективност Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а сега праќа демант со барање за извинување и до НОВА, односно од авторот на текстот( коj се заснова на изјави од сите инволвирани страни), при што се заканува и со тужба.