Published: Thursday, October 3, 2013 15:41
Силјан Аврамовски поранешен министер за внатрешни работи во владата на Хари Костов е лустриран како наредбодател во случајот „Темел“.
И тој, како што информира портпаролот на Комисијата бил наредбодател кој од политички и идеолошки причини го следел тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во операцијата „Темел“. Освен него, за истото досие денеска биле лустрирани и уште тројца високи полициски функционионери.
Претходно како министри за внатрешни работи, лустрирани од Комисјата за верификација на фактите се професорот Љубомир Фрчкоски, Томислав Чокревски и Александар Андоновски, односно републичкиот секретар за внатрешни работи во Југославиј, кој е починат.




