Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СМДС: Пратеникот Попоски лажно се претставува како министер

0
By Нова ТВ on January 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), во отворено писмо до, како што истакнуваат, в.д. министерот за надворешни работи Илија Исајловски бараат објаснување како Никола Попоски кој е избран за пратеник и му е верифициран пратеничкиот мандат, се уште ја извршува функцијата МНР иако според нив со денот на верификација на мандатот пратеник, нему по сила на законот, посебно членовите 63 од Уставот, потоа 5 и 9 од Законот за пратеници, како и 8 од Изборниот законик, му престанува функцијата заменик- премиер и министер за надворешни работи.

Од Извршниот одбор на овој Синдикат велат дека на ова се поттикнати „посебно по последното интервју на пратеникот Попоски за еден италијански весник, а според медиумските јавувања на некои македонски пропагандни центри тоа било дадено средината на овој месец во просториите на кабинетот на Министерот за надворешни работи на Република Македонија.

– Извесно е дека не се работи за ниту теориска можност за примена на членот 93 од Уставот, бидејќи во Владата на која и престанал мандатот има нејзини членови кои не станале пратеници, па оттука не може да стане збор дека постои каква и да е неопходност оние членови на таквата Влада кои станале пратеници – да продолжат да ги држат своите претходни функции заради опасност од дисфункционализација. Таков е случајот и со Министерството за надворешни работи, со оглед на тоа што заменикот МНР во какви и да е услови на спреченост на МНР – исцело ги има ингеренциите да ја врши функцијата МНР. Следствено, се’ што по 30 декември 2016 година презел пратеникот Попоски претставувајќи се како МНР е лажно претставување, па дури треба и да се разгледа евентуалната кривична одговорност.

Имајќи го предвид жалното незнаење на правната регулатива на некои македонски медиуми, единствено какво- такво оправдување може да биде фактот дека како на сајтот на Владата, но, што многу поважно, така и на сајтот на МНР се уште фигурира пратеникот Попоски како МНР. Не само што во неговиот профил не е назначено дека веќе не е МНР туку е пратеник, туку и се уште се објавуваат вести за негови активности како МНР. Само како илустрација – неговата посета на Зимскиот камп „Снежна Македонија 2017“ и тоа од 03 – 08 овој месец, се вели во писмото од Синдикатот.

Според Извршниот одбор на овој Синдикат, „извесно е дека последните интервјуа на пратеникот Попоски се дадени од позиција на партиски функционер и, евентуално, пратеник, меѓутоа, во нив фигурира дека е тој актуелен заменик- премиер и МНР. Следствено, изјавите што се таму содржани непосредно или посредно се ставови и на ова Министерство, а за што веќе реагиравме и претходно (Соопштение за јавноста од 02.06.2016 година) при што се оградивме од таквите изјави, практично некои од нив сега повторени, и каде објаснивме зошто истите се недопустиви за еден министер за надворешни работи. Уште повеќе, што едно од тие интервјуа е дадено за неодамна регистриран странски медиум и тоа од личност која наводно има одлежано затворска казна заради говор на омраза. Апсурдните изјави дека сме како Шведска, Финска или Данска дури и не заслужуваат да ги коментираме“.

Врз основа на ова, од Синдикатот на на македонската дипломатска служба бараат од Исајловски

– најитно објаснување врз основа на што, ако е тоа точно, му е дозволено на пратеникот Попоски да го користи кабинетот на МНР во Министерството и зошто не се реагира со појаснувања до јавноста дека пратеникот Попоски веќе не е МНР;

– најитно да се корегираат сите оние дезинформации на сајтот на ова Министерство каде пратеникот Попоски фигурира како МНР; и

– најитно отворање на ова прашање на седница на Владата (доколку се држат) поради тоа што се работи за противправност видлива кај редица други поранешни министри, а сега пратеници, вклучувајќи го и последниот премиер.

Никола Попоски Синдикат на дипломати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.