Претседателот Јанукович со декрет го сменил градоначалникот на Киев, Александар Попов и за негов наследник го назначил Виктор Макенко, досегашен пратеник на неговата партија.
Енергетскиот систем на Украина е пред колапс откако демонстрантите го блокирале влезот во зградата на Министерството за енергетика.
Во земјата во која кризата не запира, дел од демонстрантите се во план да ја зазема канцеларијата на јавниот обвинител, соопштува Итар-Тас, а се очекува околу 600 луѓе да бидат дел од таа акција.
Изминативе денови, тие веќе ја зазедоа зградата на Министерството за земјоделство, а според најавите, демонстрантите се очекува да го заземат и седиштето на компанијата „Украински Нафтогас“.
Протестите се проширени од Киев, во Житомир, Хмелницки, Ровно, Тернопол, Черновци и уште неколку други.